Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека постои план за слабеење на економијата на Србија, пред се преку забавување на евроинтеграциите на земјата, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ова го прават и соседните земји кои се дел од Европската Унија, но и оние кои не се дел од ЕУ, за политички да не држат во кал за да не можеме на кој било начин побрзо да напредуваме кон евроинтеграциите, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека лукаво се работи против јадаритот со цел да се забави економскиот просперитет и раст на Србија.

-Сето ова бара политичка и медиумска агресија, а тоа може да го видите преку работата на европските, светските, регионалните и секако српските медиуми. Кај нас може да се видат украински, руски, американски, француски, кинески, германски и сите други медиуми. Сè она што кај нив не може да го видите. Овде можете да слушнете дека сум убиец, злосторник, диктатор. Кај нив тешко е да можете да слушнете и неспоредливо помалку работи, а да не ве осудат за тоа што сте прозвале некого, рече Вучиќ.

Одговарајќи на прашањето за укинување на уредбата за стопирање на проектот Јадар од 2022 година за ископувањето на литиум во западна Србија, претседателот Вучиќ рече дека нема време да навлегува во „Уставен суд – неуставен суд“.

-Нивната работа е да ја оценуваат уставноста на одредени акти, а не да навлегуваат во суштината на работата, бидејќи некои тоа не го разбираат, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека не го интересира одлуката на Уставниот суд, туку дека многу повеќе го интересира да биде сведок на тоа „какви се мерките за заштита и каква ќе биде нашата средина“ со ископувањето на литиум.

-Сакам тоа да го слушнам од оние кои не се плашат и кои не ја градат својата политичка кариера на тоа, да видам од странски и домашни експерти за да можам да одам кај народот и да кажам што е најдобро за државата. Економски нема дилема, но пред тој дел е важен еколошкиот дел и не ми паѓа на памет лично да се согласам доколку тоа го загрозува опстанокот на луѓето и екосистемот, објасни претседателот Вучиќ



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2024 18:12