Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер Рамуш Харадинај, го обвини актуелниот премиер на Косово, Албин Курти дека е „инфилтриран од непријателите на Косово во политичкиот систем“ на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за телевизијата Т7, Харадинај рече дека со своето однесување Курти и дел од неговата владејачка партија, Движење самоопределување (ВВ), се „добри слуги на Србија и Русија“.

-Однесувањето на Курт не излегува само од оние традиционални верувања за лојалност кон страните, туку и од договорите кон кои има обврски. Раскинувањето договори со никого не е добар пример затоа што во иднина повеќе нема да ви веруваат. Мислам дека последиците што ги предизвикува Курти не се само нова фаза на политичко размислување на различна генерација, мислам дека работата е подлабока, тоа е резултат на добрата работа на политичките противници на Косово и на нашите сојузници. Мислам дека, без разлика како Курти и ВВ го прикажуваат нивното однесување, повеќето од нив покажуваат дека се добри слуги на Србија и Русија, рече Харадинај.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2024 04:51