Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го коментираше продолжувањето на договорот со миланскиот клуб.

- Јас сум возбуден. Би сакал да му се заблагодарам на претседателот на клубот. Се чувствувам како дома. Оваа година наша цел е да ги израдуваме навивачите по освојувањето на втората ѕвезда. За време на мојот одмор запознав многу навивачи на клубот кои ми се заблагодарија - беше многу убаво. Сакаме да го повториме она што го направивме минатата сезона, изјави Инзаги за клупскиот сајт Интер.

Договорот на 48-годишниот специјалист со „неро-азурите“ е до летото 2026 година.

Инзаги го води тимот од Милано од 2021 година. Под негово водство, Интер стана шампион на Италија во сезоната 2023/24, два пати го освои Купот на Италија и три пати Суперкупот на земјата



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2024 16:17