Легендарниот бразилски фудбалер и селектор, Карлос Дунга доживеа тешка сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во регионот на Коритиба, а Дунга бил во автомобилот со сопругата.

По несреќата тие биле пренесени во болница, а со алкотест било утврдено дека фудбалската легенда не возел под дејство на алкохол, објави „Глобо Еспорте“.

Автомобилот е целосно уништен, завршил на покривот, а не се знае точно како настанал овој инцидент.

Дунга играше за Бразил од 1987 до 1998 година, а како капитен ја предводеше репрезентацијата до освојување на Светското првенство во 1994 година.

Тој беше селектор на Бразил во два наврата, од јули 2006 до јули 2010 година, потоа повторно од јули 2014 до јуни 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2024 19:02