Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо сè уште сака да го напушти англискиот клуб и покрај помирувањето со главниот тренер Ерик тен Хаг.

Според „ESPN“ тренерот на Јувентус, Тијаго Мота го чека фудбалерот во италијанскиот тим.

Претходно се дозна дека Санчо разговарал со Тен Хаг и се вратил на тренинзите со Манчестер јунајтед.

Тен Хаг на почетокот на сезоната 2023/24 изјави дека Санчо не работи доволно на тренинзите, по што фудбалерот изјави дека тоа не е така. Како резултат на тоа, Тен Хаг го суспендираше напаѓачот.

На почетокот на годинава Санчо отиде на позајмица во Борусија Дортмунд



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2024 04:37