Шефот на кампањата на движењето „Крени -Промени“, Саво Манојловиќ, денеска објави дека германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен наскоро ќе ја посетат Србија за да се осигураат дека во Србија илегално ќе се ископува литиум.

Тој додаде дека Шолц и Фон дер Лајен ќе се сретнат со претседателот Вучиќ „како лице кое ќе им го испорача тоа“.

-Следните задачи на Владата до крајот на годинава се Просторниот план на Лозница и донесувањето физибилити студијата, посочи Манојловиќ.

Тој нагласи дека со тоа целосно се погазува правниот поредок и демократијата во Република Србија како темелни европски вредности.

„Ова е политика на стабилократија - поддршка на автократи кои ги кршат законите, но како колонијализам ги исполнуваат своите задачи и ја уништуваат сопствената земја, заклучи Манојловиќ, пренесе Бета



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2024 18:06