На денешниот состанок на владиниот совет за национална безбедност со кој претседаваше грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, надлежните министри информирале за прашањата од надворешната политика, одбраната, за мигрантските бранови, како и за управувањето со пожарите, соопшти заменик-министерот без ресор и владин портпарол Павлос Маринакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Дополнително, на денешниот редовен состанок, началникот на новоформираната Национална управа за сајбер безбедност Михалис Блецас го презентирал главните приоритети на конкретната управа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2024 19:08