Премиер Еди Рама, кој вчера учествуваше на самитот на европските лидери што се собраа во Оксфорд во палатата Бленхајм, родното место на британскиот лидер за време на Втората светска војна, Винстон Черчил, денеска објави, дека следната година Самитот ќе се одржи во Албанија.
Рама објави видео на социјалните мрежи каде ги прикажани моменти од средбите што ги имал и дава, како што ја нарекува, радосна вест, дека следната година Албанија ќе го пречека Самитот на Европската политичка заедница.
Според него, ова е уште еден значаен факт за новата позиција на неговата земја на меѓународната сцена, каде што до „вчера не беше незамисливо да бидеме почитувани како рамноправни“.
-Добро утро и со убава вест дека следната година Албанија ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, како уште еден значаен факт за новата позиција на нашата земја на меѓународната арена, каде до вчера не само што беше невозможно да се замисли да бидеме почитувана како рамноправни и да станеме европска станица на активности од највисоко политичко ниво, туку нè гледаа заостанато балканско предградие. На сите ви посакувам добар и убав ден, пишува Рама.
На маргините на Самитот тој имал повеќе средби а за првпат, по подолг период, на заладени односи, и со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, на која присуствувал и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.