Вицепремиерката Белинда Балуку, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, објави дека е потпишан договор со австриската компанија „Вербунд АГ“ за изградба на првиот парк на ветер во Албанија.
- Договорот е постигнат преку аукцијата, која пред кратко време беше успешно реализирана, напиша Балоку на Фејсбук.
Исто така, информира дека наскоро ќе бидат потпишани и другите два договора со кои се заокружува максималниот износ од ова јавно наддавање.
Според албанските медиуми ветерните електрани се очекува да започнат со работа во 2025 година, со капацитет од 10 до 75 мегавати.