Небојша Петковиќ од „Не дамо Јадар“ изјави дека здружението ќе ги повика граѓаните на Србија на протестни собири доколку утре Собранието на град Лозница го усвои Просторниот план за посебни намени за проектот „Јадар“.

Петковиќ рече дека локалната самоуправа во Лозница планира в четврток да го дополни дневниот ред на закажаното градско собрание и да го донесе Просторниот план за Јадар.

„Седницата е закажана за 10 часот. Според нашите информации, планираат да го дополнат дневниот ред со точка за донесување на Просторниот план за посебна намена за проектот „Јадар“. Доколку тоа се случи, веднаш ќе го повикаме народот на протестни собири во Лозница и низ Србија. Сите нека бидат подготвени. Нашата порака до советниците е да не гласаат за донесување на Просторниот план за „Јадар“, рече Петковиќ. Минатиот понеделник во Ваљево се одржа протест против компанијата Рио Тинто и ископувањето и експлоатацијата на литиум, на кој присуствуваа голем број граѓани. За следниот понеделник се закажани протести во Аранѓеловац и Шабац



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2024 21:17