Косовскиот премиер Албин Курти ги повика граѓаните на Косово да не го величат или романтизираат Фатон Хајризи, косовски државјанин и бегалец од затвор, кој во петокот беше убиен во Србија.

Хајризи беше осомничен за убиство на еден и ранување уште еден српски полицаец.

Курти на седницата на Владата на Косово рече дека за расветлување на околностите поврзани со неодамнешното бегство на Хајризи од затвор во Косово до бегството во Србија и пријавеното убиство, потребна е локална и меѓународна истрага, јавија приштински медиуми.

„Во меѓувреме, ги повикувам граѓаните на Косово да не наседнуваат на еуфоријата од хероизацијата и романтизирањето на Фатон Хајризи“, рече Курти



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2024 21:25