Косовскиот премиер Албин Курти упати критики на сметка на Специјалното обвинителство на Косово, затоа што се уште нема покренато обвинение против Милан Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за терористичкиот напад на 24 септември во Бањска во северно Косово, кога беше убиен полицискиот наредник Африм Буњаку, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на денешната седница на Владата изјави дека десет месеци не му биле доволни на Обвинителството за да поднесе обвинителен акт против Радоичиќ, но не биле потребни ниту десет часа за да се сослуша министерката за правда, Албулена Хаџиу.

-Денеска се навршуваат 10 месеци од убиството на Африм Буњаку … Во Косово, Милан Радоичиќ се уште не е обвинет. Не му беа доволни 10 месеци на нашето обвинителство да поднесе обвинителен акт, но не беа потребни ни 10 часа за да ја сослушаат министерката за правда за нејзин статус на Фејсбук, додаде Курти.

Специјалното обвинителство два дена по ред, во понеделникот и вторникот, ја интервјуира министерката Хаџиу, откако преку објава на социјалната мрежа Фејсбук рече дека бегството на затворениците од косовските затвори е олеснувано и организирано од Србија



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2024 04:56