Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, ја изрази својата загриженост за последните смртни закани упатени до претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, преку социјалната мрежа Х и нареди итна идентификација и гонење на креаторите на таа објава, соопштија од обвинителството.
Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на ВЈТ во Белград, по налог на Стефановиќ, испратило барање до полицијата да ги собере потребните информации во врска со таа објава. Во неа е објавена фотографија од Вучиќ на бесилка со пораката дека „само народен суд ќе ја спаси Србија“, соопшти обвинителството