Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, откри криминална група, која преку фалсификувана документација, организирала префрлување албански државјани, со крајна дестинација Соединетите американски држави.

Оваа криминална активност се сомничи дека е добро организирана на транснационално ниво, бидејќи илегалниот премин во САД е потврдено дека се вршел на релација Албанија-Италија-Шпанија-Мексико-САД.

-Лицата инволвирани во оваа криминална активност вршеле, пред сè воспоставување контакт меѓу лицата заинтересирани за заминување во САД а главниот организатор Л.М., во соработка со други лица, обезбедувало брзо изготвување фалсификувани документи за идентификација, патни билети, опремување со нови мобилни уреди и телефонски броеви, според земјите во кои се вршело патувањето и слично, јавија албанските медиуми. Заинтересираните лица со албански пасош ја преминувале албанската граница, а на аеродромите во Шпанија од каде се вршел транзитот кон Мексико, па потоа кон САД, ги пречекувале други лица инволвирани во оваа криминална активност, кои ги обезбедувале нив со фалсификуван документ за идентификација. Целата оваа активност траела не повеќе од 15-20 дена и секое лице плаќало сума од 20 до 45 илјади долари.

Приведени се пет лица на кои им е одредена мерка притвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2024 18:01