Формирање парламентарна комисија за расправа за литиумот најави денеска претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ и ја повика опозицијата да учествува во нејзината работа, пренесе Бета.

Таа за РТС изјави дека ќе работи и на организирање на посетата на парламентарната делегација на Германија и Финска за да ги види сите активности на тие земји таму во однос на литиумот.

Таа се заложи за аргументирана расправа во српското Собрание и ја повика опозицијата „да ја спушти топката“ за прашањето за литиумот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2024 10:28