Најмалку 10 хектари земја со маслинови дрвја и ниска вегетација е зафатена од голем шумски пожар што избувна близу градот Каваја, југозападно од главниот град Тирана, јавија албанскте медиуми.

Генералниот директор на албанската противпожарна служба, Арбен Цара, извести дека пожарот кај Каваја продолжува да биде активен, а на терен се сите противпожарни екипи, вклучително и оние од соседните општини, Тирана, Камза, Љушња, Драч за да го изгаснат.

Тој нагласи дека на местото се активни вкупно 50 екипи, но ситуацијата се усложнувала поради ветрот.

Полицијата ги евакуирала жителите од куќите кои постоело опасност да бидат зафатени.

Цара информираше дека две лица се уапсени поради подметнување пожар во врска со пожарот и ги повика граѓаните да бидат внимателни.

На местото каде што избувна пожарот беа присутни и албанскиот министер за внатрешни работи Таулиант Бала и градоначалникот на општина Каваја.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2024 10:29