Во серија експлозии во шест магацини за пиротехнички материјал во близина на главниот град на Бугарија, Софија загина едно лице, а друго е повредено, изјави денеска министерот за внатрешни работи Калин Стојанов. Две други лица (на возраст 22 и 60 години)се водат како исчезнати.
Експлозиите – од кои првата беше регистрирана синоиќа - во градот Елин Пелин во близина на Софија предизвикаа голема тревога при што властите евакуираа 150 луѓе. Местото на инцидентот го надлетува воен хеликоптер. Истрагата ја води Окружното обвинителство на Софија.