По одлуката на хрватската Влада за зголемување на платите на највисоките државни претставници, Андреј Пленковиќ ќе биде помеѓу најплатените премиери во Европска Унија.
Хрватските медиуми објавија дека бруто-плата на Пленковиќ од следниот месец ќе изнесува 9.367 евра, тоа е за 2.274 евра повеќе од досега и 1,7 пари повеќе од сегашната просечна нето-плата во Хрватска. Премиерот со ова ќе добие зголемување во висина на една просечна нето-плата плус дополнителни 950 евра.
Највисока плата зема унгарскиот премиер Виктор Орбан – 16.000 евра месечно, потоа следи премиерот на Словачка со 11.000 евра и претседателот на Чешка, Петр Фијала со 10.800 евра