Околу 50 луѓе се повредени откако комбе во кое се превезувале имигранти се преврте на магистралниот пат Пирот - Ниш кај наплатната рампа Бела Паланка, јавија белградските медиуми.

Потешко повредените се транспортираат во нишкиот клинички центар, а полесно повредените во Општата болница Пирот.

Истрагата е во тек.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2024 13:34