Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, официјално ги повика лидерите на политичките партии да се состанат на 31 јули на консултации за одредување на датумот за наредните парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во писмото кое го обезбеди невладината „Заклетва на правда“, а го пренесоа косовските медиуми, Османи им пишува на лидерите на партиите дека врз основа на косовскиот Устав и Законот за општи избори, изборите треба да се одржи во периодот од 26 јануари до 16 февруари 2025 година.

- Во таа насока, врз основа на моите уставни овластувања за распишување избори за Собранието на Република Косово, поканети сте на консултативна средба на 31 јули 2024 година, во 14:00 часот, во сала С301, во зградата на Собрание на Република Косово, се вели во писмото.

Последните општи избори во Косово се одржаа на 14 февруари 2021 година, кога партијата на актуелниот премиер, Албин Курти, Движење самоопределување, победи со освоени 50,2 отсто од гласовите. Втора беше Демократската партија на Косово, трета Демократскиот сојуз на Косово, а четврта Алијансата за иднината на Косово. Гарантирани десет места во Собранието обезбеди најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, која првично влезе во Владата на Курти, но подоцна излезе од институциите претендирајќи дека Влдата во Приштина ги крши правата на српското малцинство. Уште десет места во косовскот Парламент, според косовскиот Устав, се обезбедени за припадниците на другите немалцински етнички заедници, кои во овој собраниски состав ја поддржуваат владата на Курти.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2024 12:20