Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е позитивен на коронавирусот.

Министерот Весиќ ги откажа сите посети и средби што беа планирани за денеска и утре, како и присуство на продолжението на седницата на Парламентот на Република Србија.

Весиќ е на домашно лекување, од каде преку платформи за видео состаноци ќе продолжи да ги координира најважните активности на Министерството. Во Србија вчера беше соопштено дека и премиерот Милош Вучевиќ е позитивен на Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2024 14:59