Фудбалерите на Ливерпул добро го прифатија својот нов менаџер Арне Слот и целосно го поддржуваат, изјави капитенот на тимот Вирџил ван Дајк. Тој додаде дека од првиот ден стоел на страната на својот сонародник и го уверувал дека тој ќе биде врската меѓу него и останатите играчи.
Слот го презеде тимот од легендарниот Јирген Клоп, кој го напушти Ливерпул по девет сезони. Холандскиот тренер ги доби првите два натпревари, а „црвените“ допрва треба да примат гол. Сепак, утре е првиот голем тест - на гостувањето кај Манчестер Јунајтед.
-Имаше големи промени во летото и сите беа заинтересирани за тоа што ќе се случи со Ливерпул. Можам да кажам дека работите се одвиваат многу добро во моментов. Ова го кажувам не само во мое име, туку и во име на сите мои рече соиграчи, изјави Ван Дајк за време на хуманитарен настан за детски фудбал.
Додаде дека сите имаат една заедничка цел, а тоа е да постигнат најдобри можни резултати.
-За ова да биде можно, мора да работиме во ист ритам. Така и јас му кажав. Тој знае дека го поддржувам од се срце. Тоа е работа на капитенот. Од самиот почеток сакав со моите зборови да го убедам дека сум подготвен на се, објасни дефанзивецот.
Ван Дајк има 33 години и дел од навивачите на Ливерпул беа загрижени дека лидерот на тимот ќе замине со Клоп. Сепак, тоа не се случи, а самиот дефанзивец верува дека има уште многу години пред него.
-Се чувствувам многу добро. Воопшто не се чувствувам како да сум на крајот од кариерата. Имам уште многу години и ќе видиме колку точно се тоа. Посветувам многу внимание на мојата исхрана и закрепнувањето, продолжи холандскиот интернационалец.
Ван Дајк изјави и дека расположението во тимот е уште подобро по трансферите направени на крајот од летниот прозорец. „Црвените“ земаа играчи кои ќе ја засилат длабочината во тимот, доведувајќи ги напаѓачот Федерико Киеза и голманот Џорџи Мамардашвили. Сепак, вториот ќе ја заврши сезоната во Валенсија