Екипата на Воска успеа да слави на гостувањето кај Вардар на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со убедливи 1:3.
Ибраими, автогол на Мециновиќ и прекрасниот гол на Јахја беа пресудни тимот од Охрид да слави против тимот на Горан Петрески.
Вардар во завршницата успеа да постигне почесен гол преку Шаркоски за 1:3, но тоа не ги смири страстите меѓу навивачите кои јасно го искажаа својот револт по последниот судиски свиреж.
Со третиот пораз на четвртиот меч, Вардар е на делба на последното место со Брера Струмица, а од денеска самостоен лидер е Шкендија, која пак со 2:0 го победи Пелистер.
Прва лига резултати:
Вардар – Воска Спорт 1:3 Беса – Работнички 0:0 Шкендија – Пелистер 2:0 Силекс – Шкупи 2:1 Струга – АП Брера 2:0 Тиквеш – Гостивар 0:0