Денеска е многу важен ден за нашата партија, но особено за кревкиот правосуден систем на оваа земја.
По нималку благородна теленовела и апсурдна расправа за тоа чија е партијата, а партијата секогаш припаѓа на мнозинството членови, Апелациониот суд одлучи декаи законски Алијансата за Албанците ни припаѓа нам, на чело со Арбен Таравари, човекот кој не отстапи од партиската линија.
Скромноста на овој човек е толку голема што најверојатно нема да се согласи сега кога ги слуша овие зборови на благодарност за него, но во име на целата наша партија, во името на секој активист, ја користам приликата да изразам благодарност до претседателот на Алијансата за Албанците г-дин Арбен Таравари!
И покрај тоа што стана цел на клевети и навреди, иако имаше неверојатни понуди, не мрдна од својата позиција, и нормално, времето му ја даде правдата, па денес сме легитимна партија, најголемата албанска партија во државава!
Благодарност до сите членови, кои не се откажаа, ја продолжија и ја продолжуваат својата битка за подобар живот!
Им благодарам на Албанците кои иако се најдоа во грдата замка на лажни вести, интриги и што не друго, не се откажаа и не се откажуваат од нашата партија!
Од друга страна, сестри и браќа, оваа прилика нека послужи за размислување и разбирање дека поделбите никому не помагаат!
Животот е премногу краток и доволен е само за да се прават добри дела. Добрите дела се прават подобро заедно! Овој ден не е ден кога се официјализира поделбата, туку е ден кога народот официјално го добива правото да раководи со партијата.
Честитки до сите членови, од оние од најдалечното село па се до Раководството и Претседателот!
Честитки за правдата!
И секако честитки за членството бидејќи оваа партија е само на членството и на ниту едно лично име!
Да живее Алијансата за Албанците