Преку систематско креирање нови сорти тутун и усовршување на веќе признатите, Институтот за тутун ја осигурува не само стабилноста, туку и понатамошниот напредок на оваа индустрија, рече меѓу другото претседателката Гордана Силјановска Давкова обраќајќи се на денешната свеченост од 100 -годишнината на оваа единствена научна установа од ваков вид во земјава. Свеченоста се одржа во просториите на Институтот.

-Примената на современи агротехнички мерки служи како основа за зголемување на продуктивноста и квалитетот на тутунот. Истовремено, токму таа успешно одговара на прашањата за предизвиците во современото земјоделство. Со употребата на нови технологии и методи за работа, како и интегрирањето на најнови научни откритија, значително се подобрува производниот процес, правејќи ја оваа индустрија мошне поефикасна, поотпорна и одржлива. Институтот се посветува на постојано збогатување како на агротехничките, така и на научните стандарди, што води кон подобар квалитет на тутунот. Овие достигнувања се издвојуваат како плодносни, значително влијаејќи ѝ на македонската економија, рече Силјаноска Давкова.

За директорката на Институтот за тутун, Валентина Пеливаноска, оваа научна институција од основањето до денес е водечки центар каде се негува научната мисла и сознанијата за тутунот и производството на квалитетен семенски материјал.

-Сметам дека само со квалитетна соработка, со стручна и меѓуинституционална комуникација и со трансфер на знаење, можеме да дадеме придонес кон одржлив развој, не само во секторот тутун, туку и во земјоделството воопшто, рече Пеливаноска.

Почетоците на Институтот се поврзани со отворањето на првата опитна станица за тутун пред 100 годин.

На свеченоста беа доделени плакети и признанија, меѓу другите и на претседателката Силјановска Давкова и на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2024 03:08