Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, откри како се чувствува по неговите обиди да влијае на судиите за време на натпреварите.
- Грешката што ја направив двапати овде и еднаш или двапати во Холандија е тоа што понекогаш мислам дека создавањето атмосфера во која целиот свет е против вас може да доведе до некои позитивни одлуки на крајот од натпреварот, изјави Слот за „Тајмс“.
Холандскиот стручњак нема да го предводи својот тим на натпреварот од Лига купот против Саутемптон поради суспензијата по трите жолти картони во неговите први 17 натпревари во Англија.
Натпреварот Саутемптон – Ливерпул ќе се игра вечер од 21 часот.