Барселона ги предупреди дефанзивецот Роналд Араухо и играчот од средниот ред Френки де Јонг дека ќе ги стават на продажба доколку не ги продолжат договорите до крајот на сезоната, тврди „Diario Sport“.

Каталонците сакаат де бидат на чисто околу иднината на двајцата фудбалери во тимот.

Забележано е дека комуникацијата и со Уругваецот и со Холанѓанецот е на позитивен начин, и наводно двајцата сакаат да останат во тимот.

Исто така, се известува дека Барселона речиси се договорила да потпише нови договори со играчите од средниот ред Гави и Педри. Постигнат е начелен договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2024 14:54