Европската фудбалска централа (УЕФА) излезе со соопштение во кое потврди дека судијата Шимон Марчињак и ВАР-собата биле во право што го поништиле голот на напаѓачот на Атлетико, Хулијан Алварез во пенал-рулетот против Реал Мадрид, бидејќи играчот остварил два контакти со топката и со тоа го прекршил Законот 14.1 од играта.

УЕФА додаде во соопштението дека ќе се вклучи во дискусии со ФИФА и Техничкиот комитет (ИФАБ) за да се преиспита правилото во случаите „кога двојниот допир е очигледно ненамерен“. Токму во случајот на Алварез дојде до ненамерен двоен контакт како резултат на лизгање на левата нога.

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА на пенали



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2025 03:44