Сер Џим Ретклиф има намера да продолжи со политиката на кратење на трошоците, а овој пат тоа ќе се одрази на самите играчи на Манчестер Јунајтед.
Според „Сан“, британскиот милијардер ќе се обиде повторно да преговара за договорите на првотимците и значително да ги намали нивните фиксни плати. За возврат, клубот ќе им понуди на играчите огромни бонуси кои ќе зависат од резултатите на тимот.
Ретклиф, кој веќе отпушти околу 450 луѓе, дел од персоналот на клубот, пред неколку дена призна дека „некои од играчите не се доволно добри, а други се преплатени“.
-Клубот се движи кон договори засновани на перформанси. Ова е разговарано со агентите. Ќе продолжиме да плаќаме конкурентно, но мора да се погрижиме да добиваме вредност за нашите пари. Мораме да управуваме со нашите сметки за плати, вели извор близок до клубот.