Искусниот дефанзивец Иниго Мартинез го продолжи договорот со Барселона на уште една сезона и ќе остане во каталонскиот клуб до 2026 година.

Мартинез игра како централен бек, веќе има 34 години, а во Барса пристигна во 2023 година од Атлетик Билбао.

Сезонава е редовен во дресот на Барселона, а дури два пати постигна гол на европска сцена.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2025 03:59