Според мерењата на УХМР, Вардар во Велес на мерното место под Стар Мост денеска е 136 сантиметри, што е помалку за 34 споредено со вчерашните 170 сантиметри. Поради намалениот водостој, денеска се повлече водата од кејот кај Мало Мовче, а воедно се намали и водостојот на Вардар во Градскиот парк. Просекот за април за Вардар во Велес изнесува 111 сантиметри.

Како што информираат од УХМР, реката Бабуна кај Богомила денеска е 40 сантиметри, што споредено со вчера е помалку за 10 сантиметри и е во опаѓање. Инаку, просекот на Бабуна кај Богомила за април е 26 сантиметри.

Минатата недела Вардар во Велес беше 86 сантиметри, а вчера порасна со 170 сантиметри, што е повеќе од двојно. Според изјавата за МИА од УХМР, тоа сепак е далеку од критичната точка на излевање на Вардар во Велес, која е околу 259 сантиметри



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2025 04:33