Водостојот на повеќето реки низ државата е над просекот за април, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Евидентирано е зголемување на нивото на реката Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, како и на Црна Река кај Новаци.

Намалување под просекот имаат реката Црн Дрим кај Ложани, Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Берово и Крива река кај Крива Паланка.

Според УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и во Охридското Езеро е во рамки на просекот за април.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2025 15:00