Последните натпревари од третото квалификациско коло донесоа неколку изненадувања а најголемото изненадување овој пат не беше за победа или пораз туку заради постигнатиот гол на Сан Марино во гости против Норвешка. Репрезентацијата на Норвешка поведе во 12-тата минута од натпреварот со автоголот на Симончини но вистинското чудо се случи во 54-тата минута кога Стефанели успеа да го израмни резултатот на 1:1 по што следеше славје во репрезентацијата и стручниот штаб на Сан Марино како да го освоиле светското првенство. Причината заради тоа е што овој гол е трет во 15 годишната фудбалска историја на Сан Марино по оној против Литванија минатата година и против Полска пред три години. Коментаторите во студиото беа едногласни: Гасете светло, Сан Марино ни даде гол.
Во останатите натпревари репрезентацијата на Азербејџан одигра 0:0 на гостински терен против Чешка, Црна Гора ја совлада Данска со минимални 1:0 на гости, додека Романија ремизираше против Казахстан без постигнат гол.