Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источно планскиот регион денеска на штипските компании им ги презентираа условите за аплицирање и добивање на грантови од четвртиот повик кој е објавен на 3 февруари, а завршува на 3 мај 2017 година.

Никола Глопчевски претставник од Фондот за иновации и технолошки развој вели дека во овој повик за компаниите има два инструменти: Кофинансирани грантови за старт ап спин оф трговски друштва и Кофинансирани грантови за комерцијализација и иновација.

- За овие два инструменти фондот обезбеди буџет од 1.450.000 евра. Фондот е за околу 25 компании, кои евентуално би ги добиле средствата. Можат да аплицираат компании од било кои области, Фондот не ограничува, не фаворизира никакви компании или дејности. Можат да аплицираат сите, со тоа што би ги поканил сите заинтересирани да ја посетат страна на Фондот, вели Глопчевски.

Тој истакна дека досега 37 македонски компании ги имаат искористено средствата кои ги обезбедува фондот, а најмногу ги искористиле компаниите од ИТ секторот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2017 00:34