Општина Битола го објави традиционалниот јавен повик за доделување финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2017 година.

Распределбата на средствата од буџетот на општина Битола за оваа намена ќе се врши преку грантови за проекти во приоритетни области и цели кои ќе ги реализираат организациите од овој град.

– На јавниот повик може да учествуваат здруженија на граѓани и фондации со конкретни проекти посветени на локален и економски развој, образование, култура, техниката, наука, здравство, спорт и екологија и други области. Основен организациски критериум кој треба да го исполнуваат здруженијата и фондациите е да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации и да имаат седиште во општина Битола, посочуваат од локалната самоуправа.

За распределбата на финансиската поддршка, која може да изнесува до 50.000 денари ќе одлучува Комисијата за финансии и буџет на Советот на општина Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2017 01:14