Либерално-демократската партија стравува и воедно предупредува дека блокирањето на евроинтеграциските процеси се најголемата закана за унитарноста на Република Македонија.
Желбата на 75% од граѓаните, Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО, е единствен гарант за унитарноста, стабилноста и економскиот просперитет на сите граѓани.
Единствените кои се загрозени од враќањето на владеењето на правото се членовите од врхушката на власт, за кои има основани индиции за сторен криминал, корупција, изборни измами.
Оттаму, го повикиваме Ѓорге Иванов да се одважи и да ги почитува демократските принципи на парламентарната демократија, а, Никола Груевски да престане да создава нови проблеми и да ги лаже и манипулира членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.
Пораките што вчера ги испратија еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан и тројцата европратеници се јасни и недвосмислени. -Да не си играме со оган, бидејќи лесно може да се изгориме.
Апелираме и до ЕУ, доколку се воведуваат одредени санкции кон Македонија, истите да ги опфатат исклучиво поединците кои ги загрозуваат мирот и стабилноста на регионот, а не ситуацијата да се рефлектира врз сите граѓани на државата“, се вели во соопштението на ЛДП.