Медиуми: Господине Заев, Антонијо Милошоски синоќа ги повтори нивните два услова за излез од кризата. Што мислите за тоа?
Заев: Јас само ќе ги повторам моите коментари, еве нека цени и јавноста за логичноста. Тие знаат дека ако одат на избори дека ќе изгубат, бидејќи никој не може да го толерира ваквото дрско и безобразно однесување, несакајќи едноставно да ја предадат власта. Тоа не може да го сфати ниту еден разумен човек, ниту еден демократ надвор од државата. Мнозинството во парламентот е декларирано и треба да се направи брз и демократски трансфер на власта. Ако се оди на избори тие ќе изгубат и ние би имале неколку пратеници повеќе и Ѓорге Иванов може повторно да не го даде мандатот. Теоретски, да претпоставиме, да добие Никола Груевски 62 пратеника, со која албанска партија ќе склучи коалиција? Тој имаше 62 пратеника па ДУИ пак беше во коалиција. Апсолутно, сето ова кажува дека човекот си игра со чувствата на граѓаните на Македонија и со Република Македонија. Ова не може вака. Треба да знаат дека и меѓународната заедница и нашите граѓани од нас очекуваат конкретни чекори. Еве денеска во 12 чласот има координација. Јас се надевам дека преку координацијата ќе се изнајдат решенија и согласно Деловникот да се избере претседател на Собранието, да прати допис до Иванов, да му обезбеди неопходен рок од десет дена за да го даде мандатот. Нема повеќе ни Тирански платформи, ни платформи на ДУИ на Беса, на Алијанса на СДСМ, нема ништо од тоа. Има програма на идна влада на Македонија која во својата преамбула го има зацврстувањето на унитарноста на Македонија, строго почитување на Уставот и нашите врвни приоритети, ЕУ и НАТО. Во таа програма 80% се реформи и тоа што ја очекува Македонија и тоа што од нас го очекуваат граѓаните. Но, тука е и економијата и унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани.
Медиуми: Ако сепак не го добиете мандатот, дали СДСМ е подготвена, дали сака и дали би излегла на нови парламентарни избори?
Заев: Да гледавме решение, ние веднаш ќе го инициравме тоа прашање. Уште еднаш потенцирам, значи, со добивање ист број мандати, со добивање на поголем број мандати или со добивање помал број мандатаи на СДСМ или обратно на ВМРО-ДПМНЕ, нема ништо да се промени. Ѓорге Иванов може повторно да не го даде мандатот. Апсолутно, да повикува некој на избори, а при тоа без да каже која е целта на тие избори, тоа е беспредметно дури и за разгледување. Јас сум разумен човек и политичар и верувам дека ако видам аргументи кои значат решение, тогаш сите опции се отворени, но изборите не се решение. Треба да се даде шанса демократските процеси да течат понатаму и да се формира Влада. Ако не може да се формира Влада, ако ние не се договориме со албанските политички партии со кои обезбедивме 67 потписи, кои уште еднаш потенцирам, не значат договор за Влада, можеби нема да се договориме, но тоа би биле други околности, но сега имаме поприлично потврдена можност дека Влада во Македонија може да се формира. Дајте да тргнеме со овие процеси и да тераме понатаму. Потсетувам, Никола Груевски владата во 2006 година ја формираше со 65 пратеници, еве овде сега има 67 потписи. Тоа дава сериозни гаранции за амбиент во кој може да се одлучува за реформите, да се унапредува квалитетот на економијата на државата и граѓаните и Макеоднија да ита напред.