Министерството за финансии попладнево ги демантира обвинувањата од СДСМ дека за следната недела е закажана аукција, а нема доспевање на државни хартии од вредност кои стасуваат за враќање.
- На 26. март достасуваат за враќање 252 милиона денари издадени државни хартии од вредност, а во вторник се организира аукција на дури помала сума од 250 милиони денари. Секој кој сака да се увери во ова може да ја отвори веб страната на Министерството за финансии и да го провери Календарот на државни хартии од вредност во кој се впишани сите аукции и доспевања, соопшти Министерството.
СДСМ, порачува Министерството, пред да шири невистини во јавноста преку партиски соопштенија да го отвори календарот на аукции на државни хартии од вредност кој е јавно достапен на веб страницата на Министерството за финансии.