Мнозинството граѓани во Република Македонија сметаат дека со изборите што се одржаа на 11 декември минатата година не се надминала политичката криза.
Најголем процент од нив сметаат дека нови парламентарни избори заедно со претстојните локални се решение за актуелната криза, покажуваат резултатите од телефонската анкета на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС).
На прашањето дали изборите помогнале да се надмине кризата, негативно се изјасниле 65,5 проценти, позитивно 23,2, а 11,3 проценти не знаат.
За нови избори како решение на кризата се изјасниле 45,8 граѓани, 35,5 проценти сметаат дека решението е претседателот Ѓоргие Иванов да му го даде мандатот на Зоран Заев…