СЈО е слуга на аболицираниот криминалец Зоран Заев и единствена негова активност е спроведување на нарачан политички прогон врз сите што не мислат исто како криминогеното раководство на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО функционира како општинска организација на СДСМ која ги бие политичките битки на Зоран Заев против неговите неистомисленици.

Денеска СЈО продолжи со политички прогон против медиуми и новинари кои не се под контрола на Заев и кои од негова страна беа прогласувани за најголеми политички непријатели, шпиуни, лажговци и јавно беа навредувани. СЈО се обидува да ги заплаши и цензурира медиумите кои не работат како што сака Зоран Заев. СЈО продолжува директно да го гази основното право на слобода на говор како највисок демократски принцип.

СЈО е срам за целиот правосуден систем.

Денешниот настап на буквата „Т“ беше целосно во функција на дефокусирање од Тиранската Платформа која уценетиот Заев ја прифати само за да дојде на власт и да се спаси од одговорност за сторениот криминал.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2017 17:50