По подолго време, лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше гостин во дневникот на Националната телевизија Канал 5.

Тој во своето излгање одговори на неколку прашања меѓу кои за персоналното решение за Претседател со Собранието, понудата на ВМРО-ДПМНЕ за малцинска влада како и понудата за нови избори а говореше и за разумно и контролирано однесување на протестантите кои веќе еден месец протестираат барајќи да се отфрли Тиранската платформа.

Во однос на изборот на Претседател на Собранието, Заев истакна дека тие заедно со ДУИ ќе го предложат Талат Џафери за Претседател на Собранието, а во однос на понудата на ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека не е потребна малцинска влада кога се обезбедени услови за мнозинска влада.

Во однос на нови, предвремени парламентарни избори, Зоран Заев рече дека ако одат на избори можно е да освојат 72 пратеници, но повторно Ѓорѓе Иванов да не им го дава мандатот и поради тоа не се согласни за такво решение.

Целото интервју можете да го погледнете во продолжение.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2017 06:56