Тенденциозен и очигледно политички мотивиран е текстот на порталот Плусинфо „Пензиите доцнат една недела“.
Во однос на наводите на новинарката на порталот дека пензиите доцнат една недела и препорачуваме да го погледне календарот. Ако пензиите доцнат една недела – дали според неа априлската пензија треба да се исплаќа во март?
Пензиите се исплатени денеска, според со години доброутврдената практика, односно во првата недела во месецот. Пензионерите тоа добро го знаат и го ценат. За потсетување, пред да дојде оваа Влада, пензиите се исплаќаа на три рати, во три групи во месецот и постојано доцнеа.
Потсетуваме и дека просечната пензија од 2006 година е зголемена за 81% од 7.688 денари на 13.924 денари – па јавноста може сама да направи споредба.
Апелираме да не се прават вакви медиумски злоупотреби, бидејќи се создава лажна паника за егзистенцијално прашање кое преку 300.000 граѓани.