Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за српски Блиц говори за политичката криза во Македонија, односот со опозицијата, албанските партии како и опасноста од Тиранската платформа.

Под кои услови би му дале поддршка на Зоран Заев за формирање на влада?

Н.Г. Зоран Заев ќе ја добие нашата поддршка само ако ја осуди и отфрли платформата од Тирана и јавно се обврзе дека нема да реализира ниту еден нејзин елемент. Тој тоа не го прифати.

Како ќе изгледа Македонија доколку дојде влада која би ја воделе Заев и албанската коалиција?

Н.Г.Македонија ќе стане бинационална држава со два официјални јазици. Останатите етнички заедници кои се дел од богатството на сегашна мултиетничка Македонија ќе бидат фрлени во втор план. Постепено ќе започне процесот на кантонизација или федерализација кој ќе ја разбие унитарноста на земјата. Албанските партии не отстапуваат од условот македонските банкноти да станат двојазични, како и униформите на безбедносните сили. Ќе започне дебата за химната, грбот и знамето која порано или подоцна ќе резултира со нивна промена. За сега тоа го нарекуваат дебата бидејќи немаат двотретинско мнозинство за да ги променат. Да го имаат, тие одамна би биле сменети.

Зоран Заев вели дека тужбата за геноцид против Србија е измислена работа која потекна од ВМРО-ДПМНЕ. Кој е вашиот одговор? Н.Г.Заев е константен лажго. Ние не мора да кажеме ништо, доволно е да ја прочитате Тиранската платформа. Таму се бара осуда за геноцидот врз Албанците во периодот од 1912-1956. Коалициониот партнер на Заев, албанскиот пратеник Зијадин Села го повтори овој свој став и на собраниската говорница обвини дека геноцидот врз Албанците трае до денес. Села дури и го негираше постоењето на македонскиот идентитет и го оспори постоењето на македонскиот народ. Кога зборувавме дека Заев е уценет и дека е ставен во функција на рушење на нашиот идентитет на Македонија, тој тврдеше дека сценариото е само во нашите глави. Верувам дека е јасно дека сме биле во право. Дали во Македонија може да се случи косовско сценарио? Верувате ли дека тоа е чекор поблиску до создавање на Голема Албанија? Н.Г.„Албанците треба да ги бараат сите права. Доколку Заев се повлече, сите албански партии по итно ќе мора да се здружат и да помогнат да се одржи референдум за прогласување на независност. Албанците од ОВК рекоа дека по секоја цена ќе ја бранат Илирида (дел од Македонија за кој Албанците тежнеат да го отцепат). Ние денес им велиме – не сте сами, Албанија е со вас! Заедно можеме да ја одбраниме светата земја Илирида. Таа е албанска! Албанија на четирите вилаети, Албанија со осум милиони Албанци.“ Ова е цитат од албанската пратеничка Месила Дода која е коалиционен партнер на премиерот Еди Рама, еден од креаторите на Тиранската платформа. Зарем има потреба за коментар на една ваква изјава? Ние ја осудивме и чувствуваме потреба да преземеме се што е во наша моќ да го спречиме остварувањето на ваквата националистичка идеја за голема држава. Странските медиуми пишуваа дека во случај на криза во албанско-македонските односни би можело да дојде до поттикнување на немири на Балканот? Н.Г.Неретко сме биле сведоци дека конфликт од место место може да се прелие на друго. Балканот е специфично подрачје. Тука се преклопуваат многу регионални, но и глобални интереси, за жал, фрлената искра во една земја може да запали оган и во останатите. Гледаме дека има големи тензии во повеќе земји во регионот. Би било наивно да се исклучи било какво сценарио, но на нас е да не дозволиме оваа ситуација да ескалира. Некои македонски медиуми ја пренесоа вашата изјава во која за главна поддршка на Заев го обвинувате Џорџ Сорос? Н.Г.СДСМ и невладините организации под контрола на Сорос функционира и тоа со тајни симболи. Изминатите 20 години Сорос го поткупи целиот невладин сектор во Македонија и го стави на располагање на СДСМ, во прашање е и финансиска и персонална и логистичка. Сведоци сме дека првите луѓе на невладините организации се под контрола на Сорос преку и преку ноќ станаа пратеници на СДСМ и ја бранат партиската политика. Се работи за една лажна невладина организација. Имате ли симпатии кон Русија, со оглед на тоа дека од Кремљ стигнаа пораки за поддршка на вашата иницијатива за нови избори? Н.Г. Дали постојат симпатии најдобро е да се праша официјална Москва. ВМРО-ДПМНЕ е прозападно ориентирана партија и еден од нашите стратешки приоритети е членството во ЕУ и НАТО. За мене не е неочекувано Русија да има свои интереси на Балканот и во Македонија. верувам дека сите прават проценти околу своите позиции и интереси, но она што мене ме интересира се интересите на Република Македонија и нејзините граѓани. Сметате ли дека Доналд Трамп ќе го попушти притисокот на САД? Н.Г. Јас не сум човек кој верува и игра на картата на странска помош или мешање на странски сили во внатрешните работи на Република Македонија. Верувам дека народот е доволно зрел за сам да одлучи дали му е потребна Тиранска платформа или не. Дали му е потребно редефинирање на државата или не? Дали е приоритет носењето на нов закон за јазиците или економијата? Дали важи правилото победник со победник или не? Дали функцијата претседател на Собрание е предмет на пазарења меѓу партиите и коалициите? Ние сите овие прашања ги дадовме како предлог теми на разговор во план за кој веруваме дека може да биде излез од актуелната политичка кариза. Со новата администрација во Вашингтон имаме блиски односи, тоа е се што можам да кажам.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2017 15:54