Граѓаните на Република Македонија се револтирани бидејќи тие не се должни да ги плаќаат фактурите на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Граѓаните не се должни да се дел од валканите игри на криминогеното раководство на СДС.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев не може зад грбот на народот да договара одредени сценарија, платформи од туѓи држави и тоа после избори мамeјќи ги граѓаните.
Криминогеното раководство на СДС е нервозно бидејќи не може да ги реализира ветувањата и исполни уцените. Затоа се обидоа да извршат пуч во Собранието на Република Македонија преку кршење на Деловникот и Уставот. Со цел да се замолчат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да дебатираат за точките од Тиранската Платформа. СДС сакаше што побргу да започнат со реализирање на Тиранската Платформа.
Нивната нервоза е се поголема и поочигледна. Пратеникот Максим Димитриевски нападна момче само затоа што пеело македонска народна песна. Наместо да се извини пред целата јавност како сериозен политичар, тој дрско и безобразно се обиде да ја манипулира јавноста и да ја лаже без срам тврдејќи дека момчето само се повредило.
Се почна да излегува на површина, предавството, пазарењето со националните и државните интереси. Сето што сакаа да го сокријат од народот се дозна.
Затоа народот на Република Македонија храбро реши да се спротистави на мафијашите од СДС, и јасно им порача дека со Македонија не можат да тргуваат. Македонија не може од мултиетничка да стане бинационална држава. Во Македонија не може да има двојазични банкноти, двојазични униформи, да се менува химната, знамето, грбот и ред други работи кои ги имаат ветено криминалците од СДС.
Во Македонија нема да се реализираат туѓи платформи само за да се спасат од криминалците од СДС.
Затоа единствен излез од оваа криза во која СДС ја доведе државата се нови парламентарни избори. Преку нови избори граѓаните јасно ќе се изјаснат дали се за реализирање на Тиранска Платформа или не.
Само така ќе може да се казнат злосторниците од криминалната структура на СДС.