Вистинската причина зошто ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието и ги кочи демократските процеси се криминални интереси и тоа е неопходно што побрзо да заврши!
Додека 500.000 граѓани живеат под работ на сиромаштијата, фирми блиски до братучедите Груевски и Мијалков на големо се богатат, како што го покажа тоа и овој тендер од пред еден месец што го доби фирмата Марковски Компани во висина од 290 милиони денари или неверојатни 5 милиони евра!
Неодговорно е да се тврди дека имало потреба од итна постапка за ископ на јаглен за во РЕК Битола, па случајно на тој тендер добила фирмата Марковски Компани, блиска, според достапни информации, до Сашо Мијалков.
Прво, постои план и програма за ископ на јаглен и јаловина и апсолутно е неосновано тврдењето дека толку итно бил потребен 5 милионскиот тендер.
Друго, како од сите фирми во Македонија, тендерот од 5 милиони евра го добила токму оваа фирма блиска до Мијалков?
Доколку бил објавен навреме огласот за прибирање понуди од повеќе фирми, ќе имало поголема конкуренција и можност за пониска цена и така овој ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола ќе бил поевтин.
Но очигледна е тенденцијата парите да завршат во фирмата Марковски Компани што го добива тендерот, како и во изминатите 10 години кога добила тендери од 60 милиони евра во РЕК Битола, како и други тендери за изградба или реконструкција на патишта.
Ете, ова е една од причините зошто раководството на ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки теми и ги блокира демократските процеси кои носат правда, одговорност за направените криминали и живот за сите граѓани.
Демократските процеси се незапирливи. Во интерес на граѓаните, согласно мнозинската волја на изборите, според Уставот, Деловникот и законите, ќе биде избран новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада. Ќе има одговорност за сите направени злоупотреби.