СДС безочно лаже и манипулира само за да ги покрие црните бизниси и криминалите на Заев и злосторничкото здружение околу него.
Нема некој што не ја гледа паниката на уценетиот Заев кој е спречен од народот да ги испорача обврските од Тиранската платформа. Народот му застана на пат и сега во очај измислуваат нови лаги и манипулации со кои не може да ги покријат стотиците милиони евра кои Заеви ги вртат, користејќи ја политичката криза што СДС ја пролонгира.
Јасно е дека во отсуство на аргументи СДС ќе продолжи со клевети и лаги, наместо да се соочат со фактите.
Политиките на владата на ВМРО-ДПМНЕ резултираа со повеќе од половина милјарда евра инвестиции во изградба на нови и модернизација на постојните капацитети во изминатиот период вложени во изградба на нови и модернизација на веќе постојните производни капацитети.
Благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија што ја плаќаат граѓаните на РМ е меѓу најниските во регионот и во европа.
Остануваме посветени да реализираме проекти кои ќе им значат додадена вредност и подобар живот на граѓаните на РМ.
Со никакви лаги СДС нема да може да ги дефокусира граѓаните од штетните последици на прифатената Тиранска платформа.