Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека т.н тиранска платформа не постои туку има само „платформа на Албанците од Македонија“ со која официјална Тирана немала никаква поврзаност.

– Нема никаква платформа од Тирана, туку платформа на албанските партии на кои ние им помогнавме. Ние имавме одделни средби со лидерите на албанските партии и зедовме прибелешки се што кажаа. Тие се обединија во едно парче хартија, рече Рама во интервју за една албанска телевизија.

Според него, вистината е сосема поинаква од она што го тврдат претседателот Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека не се согласил да се сретне со ниту еден лидер на партија за време на изборната кампања.

– Оваа влада е влада која кога спроведе административни реформи, оставивме една општина за малцинството (мисли на Македонците и општина Пустец) и оставивме да стават име кое го сакаа, онака како што се чувствуваат во нивните домови. Тоа е се, нема никакво чудо, тоа е напор на Албанците во Македонија за да ја направат Македонија посилна и тоа се прави како што сакаат Албанците, изјави Рама.

Тој е дециден дека Албанците во Македонија „не се бегалци, туку интегрален дел на една држава со два ентитета“.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2017 09:03