Утре, 13.4.2017 година (четврток), со почеток од 11:00 часот во дворот на црквата „Св. Пророк Илија“ ќе се одржи Велигденски базар, во организација на Општина Аеродром и Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје.
На базарот ќе може да се видат и купат креативни домашно изработени ракотворби од членови на Здружението, односно солени и благи погачи, милиброд, велигденски јајца и други рецепти, кои го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден.
Целта на велигденскиот базар е да се промовираат афинитетите и можностите на членовите на Здружението на слепи и лица со оштетен вид, а собраните средства ќе бидат наменети за социјално загрозените членови на ова здружение.