Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица Гостивар. Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар
Полициски службеници од Полициско одделение Чегране вчера во 19.30 часот во село Чајле го лишиле од слобода В.Ј.(20) од село Чајле, бидејќи физички нападнал 18-годишна жителка на гостиварско село, со која порано биле во љубовна врска.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 15.50 часот на автобуска постојка во село Сушица ги пронашле 15-годишните Б.С. од село Марино и Д.Т. од село Мралино за кои на 7 односно на 9 февруари било пријавено дека се оддалечиле од дома.
Полициски службеници од Полициската станица Струга ноќеска околу 00.10 часот на магистралниот пат А2 Подгорка ги привеле Н.У.(30) и С.Г.(23), двајцата од Индија, поради илегално преминување на државната граница и нелегален престој во државата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При тоа 63 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 22 за минување на црвено светло... За време на контролата регистрирани се и 57 останати прекршоци.
Во карбинското село Таринци попладнево пожар ќе пеплосаше куќа, но брзата интервенција на штипските пожарникари спречи поголема трагедија за семејството.
Пожарот бил пријавен околу 13 часот, по што од Територијалнта противпожарна единица било интервенирано со четири возила и десет пожарникари.
Во месец февруари Центарот за култура Кичево планира организирање на три културни настани, со што ќе ја збогати културната понуда во градот започната во јануари.
Овој пат се јавува како авторка на текстот, но и на илустрациите. Трајановска на промоцијата истакна дека пишувањето и цртањето еднакво ѝ се предизвик и пасија уште од детството.