Родителите на првачињата во прилепското основно училиште „Блаже Конески“ реагираат и бараат поголеми училници за нивните деца за да ги задоволат критериумите за настава, посебно во пандемиски услови и работа во две смени
Во штипската населба Железничка во тек се градежни активности за изградба на три улици
Ученици од Основното училиште „Исмаил Ќемали“ од Општина Чаир денеска излегоа на марш во Скопје во знак на почит кон нивните соученици кои настрадаа во автобуската несреќа во Бугарија
Советот на Општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини ги загубија животите во трагичната несреќа што се случи вчера во Бугарија
Граѓаните на општините Карпош, Валандово и Кочани можат директно да учествуваат во креирањето на буџетот за 2022 година за својата општина преку мобилната апликација „мЗаедница“ или преку веб-платформата „www.mzaednica.mk“
Поради поврзување од стара на нова мрежа од Ф-100 мм на ул.Кеј 13ти Ноември во населба Маџир Маало, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Маџир Маало
Можност за збратимување на Прилеп со град од Московскиот регион и отвореност за соработка, беше нагласено на денешната средба на прилепскиот градоначалник Борче Јовчески со амбасадорот на Руската Федерација во нашава земја, Сергеј Баздникин. На средбата се разговараше за унапредување на соработката меѓу Прилеп и Руската Федерација како значаен партнер на нашата држава
Околу 200 технички неисправни возила биле затекнати при вршење јавен превоз на патници во охридско-струшкиот регион, при акциски контроли на полицијата од почетокот на годината досега
Во Општина Карбинци почна чистењето на најголемата депонија на нејзина територија. Десетици тони ѓубре, градежен шут ќе завршат под земја
Тетовската полиција бара 41 годишник кој ноќеска побегнал при запирање на неговото возило на автопат, а при тоа според информациите на СВР Тетово се обидел и да ги прегази сообраќајните полицајци. При инцидентот полицајците испукале и предупредувачки куршуми во воздух